петок, 4 јули 2025

Стан изгоре во Делчево

Во пожар што избувна ноќеска околу 00:20 часот во зграда „Брод“ на булевар „Македонија“ во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед.

Објавено на

часот

Сподели

На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според информации од ТППЕ Делчево, пожарот бил целосно изгаснат во 01:30 часот по полноќ.

Од надлежните институции се најавени дополнителни информации за случајот во текот на денот.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ