понеделник, 8 декември 2025

Српскиот пеач Раста фатен со марихуана во Охрид

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ-Раста рано утрово на стадионот во Охрид, каде требало да настапи по концертот на американската аренби ѕвезда Џејсон Деруло, беше приведен од охридската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„На 3 август во 00.10 часот на стадионот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишиле С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Органиаторот на концертот „Прагма продукција“ соопшти дека „како организатори, секогаш се стремиме кон највисоки стандарди, но понекогаш постојат фактори на кои не можеме да влијаеме. Ви благодариме за разбирањето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ