понеделник, 2 јуни 2025

Спречен шверц на тутун

Полициски службеници, по претходно добиени оперативни сознанија, вчера на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило цитроен со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39) од Прилеп. При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка. С.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ