недела, 7 декември 2025

Спречен шверц на телиња на границата кај Дебар

Македонската гранична полиција спречила обид за шверц на добиток од македонска на албанска територија преку зелениот појас на границата кај Дебар.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР-Охрид, вчера околу 18:30 часот, при контрола на граничниот појас кај месноста „Спаски дол“, полициски службеници од станицата за граничен премин и надзор „Блато“ пресретнале група од шест лица кои илегално ја преминале македонско-албанската граница и воделе четири телиња без ушни маркици.

„Кога ја забележале полициската патрола, лицата се разбегале назад кон албанската територија, оставајќи го добитокот кој бил без ушна маркица“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Дополни дека надлежни органи преземат мерки за натамошно постапување со добитокот.

Ова е еден од многуте неуспешни обиди на шверц на добиток од македонска на албанска територија, што се одвива преку зелениот појас кај дебарското погранично села Спас, чиј атар се протега долж граничната линија.

Во шверцот се вклучени македонски и албански граѓани, едните го обезбедуваат добитокот а вторите го преземаат, по што го препродаваат во други делови во Албанија. Тоа е поради повисоката цена на месото, но и живиот добиток во Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ