четврток, 1 мај 2025
Во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

Спречен шверц на облека и обувки

Во реонот на државната граница кај скопското село Танушевци, од косовска и македонска страна на границата, вчера Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија денеска од МВР, на косовска страна била извршена контрола на возило комби фолксваген со косовски национални ознаки и биле пронајдени повеќе од 100 пакети текстилна и друга стока, по што од слобода бил лишен возачот.

„Подоцна, по извршена контрола на напуштени објекти околу граничната линија, полициски службеници во село Танушевци околу 19.00 часот пронашле повеќе од 130 кутии со разновидни обувки, како и околу пет кубни метри исечено огревно дрво. За настанот бил запознаен јавен обвинител, кутиите со обувки ќе бидат предадени на Агенција за одземен имот, а дрвата на Шумска полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ