понеделник, 8 декември 2025

Спречен обид за криумчарење два тона фалсификат прашок за перење

Царински службеници од ЦИ Тетово спречиле обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Како што информираат од Царинската управа, станува збор за 2.000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашок за перење алишта со трговска марка „ариел“, која ги повредува правата од интелектуална сопственост.

Објавено на

часот

Сподели

„Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на правото, кој потврди дека предметниот прашок ‘ариел’ е фалсификат и со тоа ги повредува правата од интелектуална сопственост заради што  е согласен за уништување на стоката“, се наведува во соопштението.

Посочуваат дека против сторителот по спроведување на постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Секојдневните заложби на царинските службеници во сузбивање на нелегалната трговија и шверцот е многу важно со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување криумчарење на производи коишто се штетни за здравјето на граѓаните, како и заштита на животната средина од загадување предизвикано од неконтролиран хемиски состав“, посочуваат од Царинската управа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ