„Синоќа во 19:30 часот, во Полициската станица за граничен надзор ‘Охридско Езеро’, пријавено е дека лица од пловен објект, што бил во водите на Охридското Езеро, на околу 2,5 километри од езерскиот брег наспроти авто-кампот ‘Извиднички’, бараат помош. Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица, кои барале помош. Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот ‘Студенчишта’ “, појаснија од Министерството за внатрешни работи.
Безбедно била извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект.