вторник, 9 декември 2025

Сопатничка тешко повредена откако паднала од трактор во битолско

Вчера околу 19:20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола – Драгош, на крстосницата за селото Барешани, се случила несреќа во која тешко била повредена 29-годишна жена.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, несреќата се случила додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „Тафе“ со приколка, во кој како сопатничка била и У.М. (29) од истото село. Во еден момент, жената паднала од тракторот и се здобила со тешки телесни повреди.

Повредената била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што биле констатирани повредите.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Битола, а се работи на целосно утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ