недела, 14 декември 2025

Сообраќајна незгода на „Благоја Стефковски“, возач заврши со тешки повреди

На 14 декември 2025 година околу 03:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Објавено на

часот

Сподели

Патничко возило рено со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (50) од Скопје, удрило во патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано и сопственост на М.М. (23) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ