недела, 4 мај 2025

Сообраќајна несреќа на превојот Пресека, повредени шест лица

На 21 април 2025 година, околу 15:30 часот, во СВР Охрид била пријавена сообраќајна несреќа која се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај планинскиот превој Пресека.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, киа со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л. (53) од Франција и шкода со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К. (42) од Куманово.

Од судирот, тешки телесни повреди здобиле возачот на киа и неговата сопатничка К.К.А.Е. (19), исто така од Франција. Возачот на шкода и тројца сопатници С.К. (36) и две малолетни лица, сите од Куманово се здобиле со телесни повреди.

Повредените биле пренесени и им била укажана медицинска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ