Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
Сообраќајна несреќа кај Гевгелија, тешко повреден е малолетник
Вчера напладне во ОВР Гевгелија е пријавено дека на улица Гоце Делчев во село Фурка, дојранско, 15-годишник од селото, управувајќи мотоцикл хамачи со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во преден дел на патничко возило мерцедес со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 25 годишната Љ.И.

Објавено на
часот





