Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Б., констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Сообраќајка со четири возила на патот Гостивар-Кичево, еден од учесниците со тешки телесни повреди
На 03.08.2025 во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на влез за с.Тајмиште, Kичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу: мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(45) од с.Љубојно, Ресенско, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управуванo од В.Ј.(38) од с.Раковец, општина Боговиње, патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Љ.С.(40) од с.Пршовце, општина Теарце и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од с.Црешево, Скопско.

Објавено на
часот





