„Денеска, 23.02.2026, околу 7 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип-Скопје после наплатна станица ‘Преод’, во насока кон Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила“, соопштуваат од МВР.
Во соопштението се вели дека на местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје, а колку лица се повредени во несреќата и за причините најавија дека ќе информираат во текот на денот.






