вторник, 3 март 2026

Сообраќајка на скопската обиколница, две повредени лица пренесени во Клиничкиот центар

Две патнички возила попладнево се судрија на скопската обиколница, помеѓу клучките кон Мирковци и кон Приштина. Сообраќајот се одвива само по лентата за престигнување, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР ја потврдија информацијата за сообраќајката и посочија дека две лица се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза”.

„Денеска во 16:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на автопатот помеѓу  клучката Мирковци и клучката Приштина се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила. Бидејќи возилата моментално се наоѓаат во средна лента и лента за принудно запирање, сообраќајот се одвива по лента за престигнување. Од сообраќајната незгода две лица се пренесени во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, велат од МВР. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ