недела, 14 декември 2025

Сообраќајка на патот Охрид – Кичево, се судрија четири возила

Вчера на магистралниот пат Охрид–Кичево, веднаш по влезот за село Ботун, се случила сообраќајна несреќа меѓу четири возила.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата учествувале патничките возила фолксваген пасат со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф. (50) од Холандија; мицубиши со скопски ознаки, управувано од З.Ч. (74) од Скопј,  рено со охридски ознаки, управувано од Г.Т. (48) од с. Лескоец, и товарното возило ман со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (25) од с. Студеничани.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „мицубиши“ З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч. (71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од „рено“ В.Т. (48). Сите повредени биле пренесени и згрижени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

На местото на настанот извршен е увид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ