среда, 21 јануари 2026

Сообраќајка кај Русјаци, почина 41-годишна жена

К.С.С. (41) од Кичево вчера починала во сообраќајка што се случила на локалниот пат за село Русјаци, Општина Македонски Брод. Таа го управувала возилото „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, кое излетало од коловозот и се превртело.

Објавено на

часот

Сподели

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Телесни повреди добиле сопатниците С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ