„Во моментов се врши утврдување на повреди“, потврди доктор Ратко Грков, началник на кавадаречката Итна медицинска помош.
Во сообраќајната несреќа возило излетало од патот и се превртело, а информацијата за МИА ја потврдија од Итната медицинска помош, противпожарната служба и СВР Велес.
Екипа на итната медицинска помош Кавадарци била на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес рекоа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот Кавадарци.
„Веднаш по дојавата за сообраќајка, заминавме на терен петмина пожарникари со две возила, возило за техничка интервенција и комбе за прва помош“, појаснија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.






