понеделник, 8 декември 2025

Сообраќајната полиција напиша многу казни за недозволено претекнување и брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека од казнетите 435 возачи за брзо возење, 44 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а деветмина со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 224 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден од 109-те возачи казнети за недозволено претекнување, 25 се соочија со сообраќајната полиција на територијата на СВР Тетово и СВР Охрид, 23 на територија на СВР Битола, а останатите на патишта во други региони. За време на контролата санкционирани биле и 306 други видови на прекршоци.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло), а напишани се и казни за друг вид прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ