Според пријавата поднесена во СВР Тетово во 05:00 часот, 24-годишниот Л.Д. од селото информирал дека околу 03:00 часот во дворот од неговата семејна куќа три лица го оштетиле неговото возило, а едно од лицата му се заканило со пиштол кога се обидел да ги спречи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






