Според полицијата во соба на судскиот оддел настанала физичка пресметка помеѓу Д.С. (35) од Неготино и И.Т. По ударите со стаклено шише, И.Т. паднал во бесознание. Итно бил пренесен во Ургентниот центар, каде што во 02:20 часот лекар констатирал смрт. Телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Д.С., кој е осуден за кривично дело убиство, е задржан во собата каде што се случил настанот. Починатиот И.Т. бил осуден за семејно насилство.
Случајот се расчистува, а по целосно документирање од МВР велат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.






