понеделник, 13 април 2026

Со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, по што бил задржан во полициска станица, соопшти СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. При сообраќајна контрола, на улица Пекарев во овој град, било сопрено патничко возило шкода со прилепски регистарски ознаки, што го управувал Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3.08 промили алкохол во крвта“, појаснија од СВР Велес.

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ