Како што информира денеска МВР, осомничениот во текот на февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа инстаграм со содржини со кои прикажувајќи се лажно како лице кое поседува информации за сигурни спортски типови со загарантирана добивка стапило во контакт со оштетеното лице.
При комуникацијата пријавениот ја стекнал довербата на измаменото лице на тој начин што му прикажувал лажни факти и документи со фалсификувана содржина во кои било наведено дека ќе и биде исплатена сума преку банка во износ од 20.157 евра, односно дека со вложување на парични средства ќе добие значително поголема добивка.
Оштетеното лице поверувало во лажното претставување на фактите и на барање на пријавеното лице извршило уплати преку финансиски сервис во три наврати, во вкупен износ од 2.156,00 евра. Паричните средства, како што се наведува, во три наврати биле подигнати од страна на пријавеното лице.