На 1 август во село Кучково, скопско, полицијата се обидела да интервенира кога А.С. со своето товарно возило го попречувал нормалното движење на сообраќајот во селото. Откако бил опоменат, тој извадил 1000 денари, ги фрлил во службеното возило и од полициските службеници побарал да не му пишуваат казна.
Веднаш потоа тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






