Во текот на 2024 година пријавениот извршил противправно присвојување на имот кој не му припаѓа, односно изготвил фалсификуван документ кој наводно го потпишал неговиот покоен татко и незаконски се стекнал со земјиште, при што со купопродажен договор склучен на нотар, го продал земјиштето на лице од с.Боговиње, а потоа истото земјиште со договор на нотар му го подарил на лице од с. Пирок.
Со фалсификуван документ добил земјиште, па го продал на едно лице, а подарил на друго
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Х.(44) од село во општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Објавено на
часот





