четврток, 11 декември 2025

Со дрон пронајдени тројца изгубени мотициклисти на Осогово

Во полицијата во Штип вчера било пријавено дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, се изгубиле на планината Осогово, над село Саса, Општина Македонска Каменица, во близина на границата со Република Бугарија и побарале помош преку бројот 112.

Објавено на

часот

Сподели

Лицата со дрон биле лоцирани во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од околу 1.000 метри над манастирот Св. Архангел Михаил во Саса. Мотоциклистите во добра здравствена состојба биле донесени во Македонска Каменица, каде било утврдено дека се работи за лицата Г.Д. (38) и Д.П. (31) од Скопје и К.Н. (38) од Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ