„Синоќа во 21:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека на улицата Дебарски конгрес, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од А.Х. (27) од Дебар удрил во паркиран трактор. Притоа, возачот на четирициклот добил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар“, информраше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Полициски екипи на местото на настанот извршија увид, по што ќе следува и соодветна пријава.






