четврток, 22 јануари 2026

Словенчки државјанин произведувал и продавал дрога во Кочани

Објавено на

часот

Сподели

„По претходно добиена судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кочани извршија претрес во куќа, при што бил затекнат А.В.(42) од Република Словенија“, соопшти МВР.

Министерството информира дека при претресот пронајден е амфетамин, дигитална вага со остатоци од амфетамин, други предмети со остатоци од амфетамин, како и две пакувања со по 10 семки од растението канабис.

„А.В. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кочани, а потоа со соодветна кривична пријава предаден на надлежното обвинителство“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ