недела, 14 декември 2025

Скопјанка измамена за 900 евра – лажен „полицаец“ ѝ рекол дека внуката прегазила дете

Осумдесетгодишна жена од Скопје станала жртва на измама и изгубила 900 евра, откако непознато машко лице ѝ се јавило телефонски, лажно претставувајќи се како полициски службеник.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пријавила оштетената на 17 јули 2025 година во СВР Скопје, измамата се случила претходниот ден, на 16 јули. Според нејзиниот исказ, сторителот ѝ рекол дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете, кое починало на местото на несреќата. Лажниот полицаец ја убедил дека внуката ќе оди во затвор, освен ако не плати одредена сума наводно за да се “среди” случајот.

Под влијание на шок и страв, жената постапила според упатствата и ја фрлила договорената сума – околу 900 евра – од терасата на нејзиниот дом, верувајќи дека ѝ помага на својата внука. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.

Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Полицијата уште еднаш апелира до граѓаните, особено до повозрасните лица, да бидат внимателни и да не веруваат на вакви телефонски повици. Во ниту еден случај полициски службеници не бараат пари од граѓаните, особено не преку телефон и не со упатства за фрлање пари преку тераса или оставање на договрено место. Во вакви ситуации, веднаш треба да се повика полиција и да не се преземаат никакви чекори самостојно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ