Според пријавеното, таа претходно на социјална мрежа стапила во контакт со едно женско лице, која изнајмувала стан. Како што е пријавено, на 28.09.2025 парите за депозит ги оставила во сандаче од станбена зграда на подрачјето на Чаир, каде што претходно лицето ѝ посочило. Според пријавеното, исто така, подоцна кога се обидела да стапи во контакт со лицето, но не успеала, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






