Како што појаснија, во 18:30 часот во Полициската станица – Бит Пазар, 83-годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице кое и се јавило на телефон претставувајќи се како полициски службеник и ја информирало дека нејзината внука прегазила дете – мигрант, кое починало.
„Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена“, истакнаа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.