четврток, 12 јуни 2025

Скопјанец заработил над 100.000 евра со лажно продавање станови во Скопје и Охрид

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово донесе наредба за истрага против 35 годишен скопјанец и неговата фирма осомничени за сторено продолжено кривично дело измама.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Јавното обвинителство, пријавениот сопственик на фирмата со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.

Осомничениот 35-годишник од Скопје на двајца оштетени граѓани од Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на фирмата, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.

„Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, пишува во соопштението на обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ