петок, 27 март 2026

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Приведен е возач во Скопје кој управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера попладне полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л. Тој, околу 15:35 часот на улица Бранислав Нушиќ, управувајќи патничко возило шевролет авео со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило хонда со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило опел астра со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ