Како што се наведува во соопштението по претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило опел со скопски регистарски ознаки, кое лицето го управувалоо, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е утврдено дека има решение за привремена забрана за вршење на дејност.
К.П.К е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.