сабота, 26 јули 2025

Скопјанец настрада откако возејќи велосипед го удри лим во центар на Скопје

Утрово е повреден 64-годишник откако врз него паднал лим од градилиштето на поранешно Беко во центарот на Скопје. Полицијата го потврди инцидентот, кој според очевидци се случил откако силниот ветер го турнал лимот од оградата на градилиштето.

Објавено на

часот

Сподели

„На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на улицата Даме Груев во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош“, потврдија од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ