Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. Таткото вознемирен го напуштил дворот, а осомничениот продолжил да ѝ се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови, по што и физички ја нападнал влечејќи ја за рацете. Ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.
„Оштетената исплашена за својот живот, некако успеала да се тргне на страна, додека осомничениот продолжил да манифестира насилничко однесување кршејќи ги саксиите со цвеќе и останатите предмети во дворот. Како резултат на семејното насилство, на осомничената ѝ биле нанесени телесни повреди“, информираат од ЈОРМ.
Имајќи ја предвид опасноста од бегство и потребата од заштита на оштетената со која осомничениот живее во иста заедница, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.






