понеделник, 29 декември 2025

Синоќа во пожар во Куманово изгореа автомобили, камиони, автобуси

Повеќе возила меѓу кои автомобили, камиони, комбиња и минибуси во сопственост на неколку приватни фирми биле опожарени синоќа во Куманово во пожар што настанал на сува трева на улица „Народна Револуција“, по што бил зафатен и плац на кој тие претходно биле паркирани, информирата од МВР. Во пожарот нема повредени и е предизвикана само материјална штета.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Во пожарот нема повредени и е предизвикана само материјална штета.

„Вчера во 23:51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица Народна револуција во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р., каде што биле опожарени патничко возило форд мондео, патничко возило сеат кордоба, автобус санос, мини бус ивеко, товарно возило застава, автобус ТАМ, товарно возило пежо и приколка за возила, сите сопственост на неколку приватни фирми, а кои претходно биле паркирани на плацот“, се вели во соопштение од МВР.

Од екипа на Територијалната противпожарна едница Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени нема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ