На 03.04.2022 година, како што информираа денеска од МВР, С.Џ. со лице од Скопје направил устен договор да го купи возилото, по што го зел, но не го платил.
Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот возилото ќе биде вратено на сопственикот, а на С.Џ. ќе му биде поднесена пријава за „затајување” по член 239 од Кривичниот законик.






