Според наводите во пријавата, пријавениот, во својство на службено лице вработено во банка во Битола, во повеќе наврати неовластено ги зголемувал лимитите на сопствената кредитна картичка и специјален лимит, како и лимитот на кредитната картичка на неговата сопруга.
Покрај тоа, осомничениот незаконски го зголемил својот имот, како и имотот на сопругата и мајката, овозможувајќи за себе и за нив да се стекнат со вкупна противправна материјална корист во износ од 657.400 денари.
Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.






