„Во првиот случај, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило туран со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица. Во вториот случај, исто така при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило голф со кочански регистарски ознаки, што го управувал С.Г., за кого било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, се појаснува во соопштението на МВР.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави за безобѕирно управување со моторно возило.