петок, 9 јануари 2026

Штипјанка измамена од лажен лекар

Во новата година, нов случај на измамено возрасно лице во Штип. Но, во овој случај 77-годишна штипјанка е измамена од лажен лекар. Од СВР-Штип информираат дека вчера попладне 77-годишна жена пријавила дека била измамена за сума од 700.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Лицето ѝ ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однела на договореното место. Исто така, според пријавеното, подоцна во нејзиниот дом дошла нејзината внука и заедно ја контактирале нејзината сестра, при што сфатила дека била измамена.

Од СВР-Штип информираат дека се преземаат мерки за проаноѓање на сторителот и за расчистување на случајот. Претходно имаше случаи во кои граѓани беа измамени од страна на лажни полицајци или лица кои се претставувале дека се членови на семејствата на жртвата во сообраќајни несреќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ