недела, 6 април 2025

Штипјанец возел без возачка со 1,77 промили алкохол во крвта

Четириесетгодишниот Е.А., синоќа околу 22:40 часот во Штип, со патничко возило сеат со штипски регистерски таблички, удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот. Тој бил уапсен околу 20 минути по полноќ.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека 40-годишниот Е.А. бил приведен 20-тина минути по полноќ.

„По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит“, се појаснува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријва за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ