среда, 4 февруари 2026

Штипјанец се обидел да помине Табановце со фалсификувани таблички

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.П. (36) од Штип поради сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот се случил на 11 јули 2025 година на Граничниот премин Табановце, кога пријавениот допатувал со патничко возило волво со приклучна приколка.

По извршените проверки од страна на полициските службеници било утврдено дека британските регистарски таблички поставени на приколката биле издадени за друго патничко возило волво и на друго лице.

По целосно расчистување на случајот, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ