Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информира дека синоќа во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронашле и одзеле 1.340 парчиња разновидни пиротехнички средства.
„Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2.993 парчиња различни пиротехнички средства“, се вели во соопштението од СВР-Штип
Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.






