недела, 7 декември 2025

Шестмина повредени кај Кондово, едниот од возачите имал 15 години

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на локалниот пат меѓу скопските села Кондово и Долно Свиларе, кога автомобил фолксваген голф управуван од 15-годишно момче од Скопје се судрил со фолксваген пасат, зад чиј управувач била 27-годишната А.М. од Долно Свиларе.

Објавено на

часот

Сподели

Од сударот тешко се повредиле малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје. Телесни повреди добиле и уште двајца млади – 15-годишник од Кондово и 17-годишник од Скопје, кои исто така биле во голфот.

Во второто возило, пасатот, полесни повреди добиле 27-годишната возачка А.М. и нејзиното двегодишно девојче.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани повредите.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а се утврдуваат причините поради кои дошло до сударот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ