среда, 2 април 2025

Шестмина мигранти во „бмв“ со српски ознаки

Вчера на автопатот А1, во близина Демир Капија, полицајци  од Богородица забележале патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки во кое имало мигранти и кое не застанало на знак за запирање.

Објавено на

часот

Сподели

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на патот помеѓу селата Војшанци и Пепелиште, неготинско и во него била пронајдени шест лица мигранти, од кои по три од Сирија и Египет. Мигрантите биле пренесени во прифатен центар и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ