Вчера вечер, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Р., А.М., А.М., Ј.К., сите од тетовско, С.А. од Черкезе, кумановско и Н.М. од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.






