Како што информираат од полицијата, приведени се И.Ј. (46), У.Б. (34), Б.Т. (43) и тројца малолетници на возраст од 15, 16 и 17 години, сите од Скопје. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и бела грутчеста материја.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против лицата.






