Во пожарот малолетник се повредил и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Во истата болница била пренесена и Ш.С. (34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С. (69), Х.Х. (49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.






