петок, 20 февруари 2026

Серија инциденти во Скопје: тепачки, семејно насилство и приведени лица во повеќе полициски акции

Во текот на 19 и 20 февруари на подрачјето на Скопје биле регистрирани повеќе случаи на нарушување на јавниот ред и мир, семејно насилство и физички напади, при што неколку лица се приведени, а дел од оштетените се здобиле со тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

 

 

Објавено на

часот

Сподели

На 20 февруари, еден час по полноќ на паркинг простор на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот, дошло до физичка пресметка меѓу 16-годишник од село Чучер Сандево и 37 годишниот Љ.Б. од село Бразда, од една страна, и Д.Е. и С.Ј., двајцата од село Арачиново, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера претпладне пак, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С., по пријава дека претходниот ден во семејниот дом во Шуто Оризари физички ја нападнал својата сопруга, при што употребил тврд предмет.

Истиот ден вечерта бил приведен и 41 годишниот А.П.К. од Скопје, откако неговата 40-годишна партнерка пријавила дека во семејниот дом физички ја нападнал неа и нејзиниот малолетен син.

По целосно документирање на двата случаи ќе следуваат соодветни пријави.

Вчера наутро Т.Д. од село Булачани пријавил дека во и пред угостителски објект во село Црешево, по претходна расправија, бил физички нападнат од лицето И.И., при што се здобил со тешки телесни повреди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден точно напладне, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека ден претходно, во станбена зграда на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од неговиот зет С.А., при што му биле нанесени тешки телесни повреди.

Надлежните институции работат на целосно документирање и на овој случај.

Од МВР апелираат граѓаните навремено да пријавуваат случаи на насилство и нарушување на јавниот ред, потенцирајќи дека ќе продолжат засилените контроли и постапки со цел спречување на вакви инциденти и заштита на безбедноста на граѓаните.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ