недела, 1 март 2026

Серија физички напади низ државата: повеќе приведени по тепачки и насилства

Напади со остар предмет, тепачки пред угостителски објект и насилство по сообраќајна расправија, регистрирала полицијата во Боговиње, Скопје и Штип во изминатите два дена. Полицијата приведе повеќе лица, а по целосно документирање најавени се кривични и прекршочни пријави.

 

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе физички напади и нарушувања на јавниот ред и мир се регистрирани во изминатите два дена на подрачјата на Тетово, Скопје и Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полицијата привела неколку лица, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Во тетовското село Боговиње, на 28 февруари околу 20:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.М., постапувајќи по пријава од 18-годишен жител на селото. Според пријавеното, пред колонијал во селото дошло до физички напад, при што бил употребен и остар предмет. Полицијата работи на расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Скопје, на подрачјето на Карпош, на 1 март околу 00:30 часот, полицијата привела седум лица поради меѓусебна физичка пресметка пред угостителски објект. Станува збор за лица на возраст од 21 до 26 години, од Скопје и Крива Паланка, кои го нарушиле јавниот ред и мир. По документирањето на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Дополнително, во СВР Скопје 21-годишен скопјанец пријавил дека ден претходно, по недоразбирање во сообраќајот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од две лица од Куманово, кои употребиле и тврди предмети. Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во друг пријавен случај, 25-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. Настанот се случил неколку дена претходно во скопско, а полицијата работи на целосно утврдување на околностите.

Физичка пресметка е пријавена и во Штип, каде што на 28 февруари вечерта бил нарушен јавниот ред и мир по тепачка меѓу двајца жители на градот на возраст од 56 и 36 години.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законот.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ